Достапни линкови

Заев: Балканот не може повеќе да биде буре барут.


Премиерот Зоран Заев на заедничка прес - конференција на Самитот 100 во Скопје.

Премиерот Зоран Заев на завршната прес-конференција со која се означи крајот на дводневнот Самит100, што се одржуваше вчера и денеска во Скопје изјави дека идниот раст и развој на регионот ќе оди преку приватниот сектор.

"Го охрабривме развојот на приватниот сектор. Ги охрабривме сте бизнисмени кои учествуваат, а тоа беа над 150, да вложуваат повеќе во регионот, да отворат нови работни места, да го зголемат БДП во целиот регион, кој мора да биде над пет отсто доколку сакаме да станеме дел од Европската унија", истакна македонскиот премиер.

Тој потеницира дека овие два дена се направени обиди за консолидација, и заеднички настапи, а се разгледани и секојдневните проблеми со кои се соочува бизнис заедницата.

"Балканот не може повеќе да биде буре барут. Ние треба да работиме рамо до рамо со ЕУ и ваквите иницијативи се мошне корисни за севкупното добро на граѓаните и бизнис заедницата", рече Заев.

Тој нагласи дека е позитивно доколку ваквите средби се прошируваат со нови учесници, меѓу кои може да бидат и Бугарија и Грција.

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ изјави дека овој самит бил фокусиран на прашањата за подобро искористување на природните ресури на земјите во регионот

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ истакна дека на Самитот е заклучено дека ќе се продолжи практиката на директни разговори и интезивни средби, со цел да се зголеми меѓусебната доверба.

Албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што порачал на средбата со лидерите на албанските партии во Македонија во врска со вториот круг од изборите, рече дека средбата немала никаква врска со локалните избори.

" Таа средба немаше никаква врска со изборите. Изборите се случуваат овде, тоа е работа на партиите во Македонија. Албанија и јас лично немаме врска со ова прашање. Изборите се спроведуваат во нашата соседна пријателска држава Македонија", рече Рама.

На Самитот учествуваа над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, Албанија, Србија и Косово, а клучна тема беше поврзувањето меѓу земјите од регонот на сите нивоа.

XS
SM
MD
LG