Достапни линкови

Загинаа двајца војници во источна Украина


Украински војници во источна Украина

Двајца украински војници загинале во повеќекратните прекршувања на прекинот на огнот од страна на проруските сепаратисти во источна Украина, соопштува украинската војска. Едниот војник бил застрелан во реон под контрола на сепаратистите, а другиот од експлозија на нагазна мина. Двајцата загинале во регионот на Доњецк.

Сепаратистите го прекршија прекинот на огнот 36 пати во изминатите 24 часа, а украинските сили возвратиле 28 пати.

Нема изјава од сепаратистите за прекините на огнот.

Во судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во источна Украина од 2014 година досега загинаа над 10 илјади луѓе. Неколку прекини на огнот беа договорени досега, но не се почитуваа. Последниот прекин беше договорен на 22 август во телефонски разговор меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија.

XS
SM
MD
LG