Достапни линкови

СДСМ – Изборите беа фер, регуларни и слободни, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прослава на изборната победа пред владата

СДСМ денеска се огласи дека во Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци.

„Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја“, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ ја повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз.

XS
SM
MD
LG