Достапни линкови

Скоро 600 илјади Рохинџа избегале од Мјанмар во изминатите два месеци


Рохинџа бегалци во Бангладеш

Бројот на припадници од муслиманското малцинство Рохинџа кои од 25 август досега избегаа од Бурма, односно Мјанмар во соседен Бангладеш се искачи на 582 илјади, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН, УНХЦР. Тие предупредија дека неколку илјади бегалци се наоѓаат на границата.

Рохинџа бегаат поради судирите со армијата во Мјанмар.

Локалните власти во Бангладеш велат дека на границата се создаваат колони бегалци.

Припадниците на народот Рохинџа во Мјанмар се сметаат за странци и властите не им даваат државјанство во земјата во која 95 отсто од населението се будисти.

XS
SM
MD
LG