Достапни линкови

Полицијата трага по овие луѓе за насилствата во Собранието


МВР денеска објави фотографии од тројца луѓе осомничени дека учествувале во насилствата во Собранието на 27 април годинава.

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата „Пријави сомнително лице“ на официјалниот сајт на МВР или да пријават во Јавното обвинителство“, се наведува во соопштението од МВР.

Претходно утринава беше соопштено дека денеска биле уапсени уште петмина осомничени за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на крвавите настани во Собранието на 27 април годинава.

Обвинителството на 10 мај отвори истрага против татко и син осомничени за обид за убиство на Села. На двајцата им беше одреден притвор.

XS
SM
MD
LG