Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот и беззаконието продолжуваат и по изборите


Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се наведува дека „хаосот и беззаконието продолжуваат“.

„Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата исто така наведува дека само неколку часа по изборите бил запален автомобил на нивен симпатизер во Лисиче.

„Аздисаноста на криминалните структури блиски до СДС по изборите не запира, од медиумите видовме фотографии како двајца активисти на партијата се сликале со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел. Според информациите објавени во медиумите активистите на СДС во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел“, се наведува во партиското соопштение.

XS
SM
MD
LG