Достапни линкови

Уапсен косовски пратеник поради измама со визи


Косовскиот пратеник Миљаим Зека

Косовската полиција вчера го уапси некогашниот новинар и актуелен пратеник во косовскиот парламент од партијата Иницијатива за Косово, Миљаим Зека поради сомнеж дека учествувал во измама со визи. Нему му е одреден притвор од 48 часа.

Зека се товари за учество во криминална група и затајување на данок, а приштинскиот весник „Експрес“ потсетува дека косовскиот пратеник бил уапсен откако порталот „Инсајдери“ објавил текст за „скандалот со визите“.

„Деветстотини граѓани на Косово се обиделе да емигрираат во Германија со работни визи добиени во една агенција за вработување, која всушност била измамничката шема на пратеникот Миљаим Зека и неговиот соработник Илир Красниќи“, пренесува „Експрес“.

Како што се наведува, подносителите на барањата наводно плаќале за виза од 50 до 3.500 евра. Красниќи, исто така, е приведен пред неколку дена.

XS
SM
MD
LG