Достапни линкови

Харадинај бара вклучување на САД во дијалогот Белград-Приштина


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика САД да се ангажират во дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на ЕУ. „Улогата на САД е клучна за мирот. Мислиме дека улогата на САД на преговарачката маса има суштинска важност“, оцени Харадинај, додавајќи дека американското вклучување во процесот и претходно давало резултати и помагало за остварување напредок во преговорите. Косовскиот премиер смета дека преговорите меѓу Белград и Приштина треба да завршат со „взаемно прифаќање на државноста на Србија и на Косово“.

XS
SM
MD
LG