Достапни линкови

ЕУ повикува на дијалог околу Киркук


ирачки сили во Киркук, 16.10.2017.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ги повика на дијалог сите страни во кризата во која се спротивствени Курдите и ирачката влада за контрола врз ирачката провинција Киркук. Таа во телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изрази загриженост поради воените операции на силите на двете страни. Ирачките сили вчера ја презедоа контролата врз седиштето на гувернерот на провинцијата Киркук без да се судрат со курдските борци. Богатата провинција на североистокот на Ирак не е во состав на автономниот ирачки Курдистан кој неодамна одржа референдум за независност.

XS
SM
MD
LG