Достапни линкови

Повеќе неважечки ливчиња отколку на претходните избори


Вкупно 45.181 неважечко гласачко ливче утврдила Државната изборна комисија во првиот круг на вчерашните локални избори, по пребројаните 99,57 отсто од гласовите.

Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во првиот круг од изборите изнесува 1.028.038.

На претходните локални избори во 2013 година имаше 40.289 неважечки ливчиња, додека на последните парламентарни избори во декември минатата година евидентирани беа 38.712 неважечки ливчиња.

XS
SM
MD
LG