Достапни линкови

Русија го казни Телеграм зашто не го дава клучот за енкрипција


Рускиот суд денеска ја казни компанијата Телеграм со 800 илјади рубљи, односно околу 14 илјади долари, затоа што одби на Федералната служба за безбедност(ФСБ) да ѝ ги даде клучевите за енкрипција на оваа популарна апликација за испраќање пораки.

Директорот на Телеграм Павел Дуров на 27 септември рече дека ФСБ го известило дека неговата компанија го крши антитерористичкиот закон, според кој фирмите се должни да и овозможат на власта пристап до шифрираните комуникации кои се одвиваат преку нив.

Организациите за човекови права го критикуваат законот, а Дуров смета дека е неуставен.

Запрашан дали руските власти ќе побараат блокирање на Телеграм, портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитри Песков денеска рече дека „ова не е дискутирано досега“ и „никој не го предложил“.

Дуров во отвори Телеграм во 2013 година и набрзо стана популарна апликација. Во 2014 година тој објави дека ја напушта Русија откако бил принуден да го продаде својот удел во популарната социјална мрежа ВКонтакте поради притисок од властите.

XS
SM
MD
LG