Достапни линкови

Македонија напредуваше 18 позиции на ФИФА рејтинг листата


Архивска фотографија: Фудбалската репрезентација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од 18 места на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 85 позиција со 410 поени.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на ремито со Италија (1:1) во Торино и победата над Лихтенштајн (4:0).

Од репрезентациите кои беа противници на Македонија во квалификациска група за СП 2018, Шпанија се наоѓа на осмото место, Италија е 15, Албанија 71, Израел се наоѓа на 82 место, додека Лихтенштајн е на 187 место.

Лидер е Германија, а во ТОП 10 уште се и Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација ќе го изврши на 23 ноември.

XS
SM
MD
LG