Достапни линкови

Пучдемон предлага двомесечни преговори


Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон денеска наведе дека сака мандатот за прогласување на независноста на Каталонија да го суспендира на два месеца со цел да се покрене дијалог со Мадрид. „Во текот на наредните два месеца наша главна цел е да преговараме“, наведува тој во писмото до шпанскиот премиер Маријано Рахој. Ова всушност претставува одговор на прашањето на владата во Мадрид до денеска јасно да каже дали во минатата недела прогласил независност на каталонија или не. Од шпанското министерство за правда наведуваат дека ваквиот одговор на Пучдемон не бил валиден.

XS
SM
MD
LG