Достапни линкови

Во Скопје собир на бизнис лидери од ЈИЕ и четворица премиери


еврокомесарите Виолета Булц и Јоханес Хан, архивска снимка

Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници на Европската унија ќе учествуваат на регионалниот Самит 100 што утре ќе се одржи во Скојпе. Поврзувањето е клучната тема на собирот на кој, меѓу другите ќе говори и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц. Самитот официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100 Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде одржан и панел со премиерите на земјите од регионот. Потврдено е присуство на премиерите на Македонија, Албанија и Црна Гора и претседавачот со Советот на министри од БиХ. На првиот ден од Самитот се очекува најава за почнување на реализација на проектот Едисон за електрификација на автопатишатата во регионот.

XS
SM
MD
LG