Достапни линкови

Курц прогласи победа, Австрија врти на десно


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц прогласи победа на неговата Австриска народна партија на вчерашните парламентарни избори.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц прогласи победа на неговата Австриска народна партија на вчерашните парламентарни избори. Со тоа тој би можело да стане најмладиот шеф на влада во Европа. По пребројувањето на сите гласачки ливчиња, Курц прогласи победа, наведувајќи дека неговата конзервативна партија триумфирала над социјалдемократите, што се случило само два пати по Втората светска војна. Австриската народна партија освои над 31 насто, односно 7 проценти повеќе отколку што имаше на претходните избори во 2013 година. На второ место е евроскептичната десничарска Слободарска партија со над 27 проценти, а на трето место Социјладемократската партија на канцеларот Кристијан Керн со над 26 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG