Достапни линкови

ДИК резултати за дел општини од 9 насто пристигнати податоци


Прес-конференции на Државната изборна комисија (ДИК). Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Државната изборна комисија на нејзината веб страница досега објави дека пристигнале податоци од 8,53 проценти од избирачките места или 297 од вкупно 3480 места.

Според овие нецелосни податоци во Гази Баба ВМРО ДПМНЕ добила 55,83 насто, а СДСМ 38,35.

Во Ѓорче Петров СДСМ добила 49,44 а исто толку и ВМРО ДПМНЕ.

Во Прилеп СДСМ добил 42,04, а ВМРО ДПМНЕ 55,92 насто. Во Петровец ВМРО ДПМНЕ добиле 71,86 а СДСМ 23, 62 проценти.

Во Битола СДСМ 62,04 а ВМРО 33,50 насто. Во Охрид ВМРО ДПМНЕ 38,23, а СДСМ 54,34 проценти.

Во Штип ВМРО ДПМНЕ 60 насто додека СДСМ 33,33 проценти. Во Кавадарци ВМРО ДПМНЕ 43,59, а СДСМ 53,63.

Во Струмица ВМРО ДПМНЕ 36,65 а СДСМ 61,28.

Во Кичево, ДУИ 42,02 а ВМРО ДПМНЕ 50,36. Во тетово БЕСА доби 24,78 а ДУИ 27,53, ВМРО ДПМНЕ 27,63.

Во Велес од досега пристигнатите податоци на ДИК ВМРО доби 44,43 а СДСМ 51,22.

XS
SM
MD
LG