Достапни линкови

Курц на пат да победи на изборите во Австрија


Министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Концервативната Народна партија на Австрија, предводена од 31 годишниот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, може да победи на парламентарните избори, покажуваат првите проекциите на анкетната агенција СОРА. Ако победи Курц ќе стане најмладиот европски лидер.

Според проекциите на Агенцијата, Народната партија може да добие 31,5 проценти од гласовите, Социјалдемократската партија 27, 1 процент, а Партијата на слободата 25, 9 отсто од гласовите. Врз основа на овие проекции Курц нема да има мнозинство.

Проекциите се врз основа на преброени 42 отсто од гласовите.

Курц за време на кампањата се залагаше дека ќе спречи сиромашните работници од источноевропските земји да имигрираат во богатите земји-членки на Европската унија, ќе ја намали помошта за бегалците и ќе ги намали бенифициите за странци.

XS
SM
MD
LG