Достапни линкови

Грција ѝ се заканува и на Албанија со вето за ЕУ


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грција повторно ѝ се закани на Албанија во врска со нејзината европска интеграција. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ѝ порача на Албанија да заборави на влез во ЕУ поради незадоволството на неговата земја од однесувањето на албанските власти во врска со имотот на грчкото малцинство во приморското гратче Химара.

Тој на собирот одржан на островот Крф во сеќавање на грчкиот политичар Јоанис Каподистриас од 18 век, рекол дека бруталното однесување врз човековите права не може да се толерира.

„Авантуристичкото однесување, како она што го гледаме меѓу Тирана и Приштина е брутално однесување со кое се кршат човековите права во случајот на малцинствата, правото на имот. Ние нема да стоиме индиферентни наспроти ваквото однесување“, посочил Павлопулос.

XS
SM
MD
LG