Достапни линкови

Стотици загинати и повредени во експлозијата во Сомалија


Архивска фотографија - Бомбашки напад во Могадишу.

Бројот на жртви од експлозијата на камион бомба во Могадишу порасна на 137, а болниците имаа проблем да се справат со големиот број мртви и ранети, наведуваат здравствени и безбедносни извори во главниот град на Сомалија.

Во нападот се повредени повеќе од 300 луѓе, дел од нив сериозно. Сомалиската влада сè уште не го соопштила конечниот број на загинати, а официјалните претставници стравуваат дека тој број може да расте. Многумина од жртвите се изгорени до непрепознатливост.

Ова е најсмртоносниот напад во Сомалија. Претседателот Мохамед Абдулахи Мохамед прогласи тридневна жалост. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а сомалиските власти ја обвинуваат екстремистичката организација Ал-Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

XS
SM
MD
LG