Достапни линкови

Иран - Не се затворени граничните премини кон северен Ирак


Граничен премин меѓу Иран и курскиот регион

Иран негира дека ги затворил граничните премини кон северен Ирак како одговор на референдумот за независност на автономниот Курдски регион.

Портпаролот на иранското МНР Бахрам Касеми вели дека на барање на ирачката влада се блокирани летовите кон курдскиот регион, но оти освен тоа не се случува ништо ново.

Новинската агенција Тасним претходно објави дека иранските власти го затвориле граничниот премин Башмах кон Курдскиот регион. Царински претставници од курдска страна, пак, рекоа дека Иран ги затворил сите три гранични премини.

Тензиите во регионот се зголемија по курдскиот референдум за независност одржан на 25 септември на кој мнозинството гласаше за независност. Багдад не го призна референдумот. Соседните Иран и Турција, кои имаат големи курдски малцинства, исто така жестоко му се спротивставија на референдумот.

XS
SM
MD
LG