Достапни линкови

Во Авганистан запленет камион со експлозив


Архивска фотографија - Експлозија на камион-бомба во Авганистан.

Авганистанските власти соопштија дека спречиле потенцијална смртоносна експлозија во главниот град Кабул, откако заплениле камион натоварен со експлозив.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека полицајците го раниле возачот на камионот, откако тој не застанал на контрола на безбедносен пункт.

Во камионот имало повеќе од 2.700 килограми експлозив. Според властите во Авганистан зад нападот стои мрежата Хакани, група која има врски со авганистанските Талибанци.


XS
SM
MD
LG