Достапни линкови

Критики за изјавите за муслимански празници во Германија


министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер

Конзервативни членови на владејачката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел веднаш ги отфрлија оценките на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер дека тој нема ништо против да се дискутира за можноста за воведување муслимански празници во делови на Германија. Тој вчера за време на изборен митинг во Долна Саксонија изјави: „Зошто да не ја разгледаме можноста за муслимански празник онаму каде што живеат многу муслимани“. Тоа доведе до остри критики во рамките на владејачката коалција со оценка дека „за германското христијанско наследство не може да се преговара“.

XS
SM
MD
LG