Достапни линкови

Утре во Скопје собир на над 150 бизнис лидери од ЈИЕ и четворица премиери


Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници на Европската унија ќе учествуваат на регионалниот Самит 100 што утре ќе се одржи во Скојпе. Поврзувањето е клучната тема на собирот на кој, меѓу другите ќе говори и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц. Самитот официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100 Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе биде одржан и панел со премиерите на земјите од регионот. Потврдено е присуство на премиерите на Македонија, Албанија и Црна Гора и претседавачот со Советот на министри од БиХ.На првиот ден од Самитот се очекува најава за почнување на реализација на проектот Едисон за електрификација на автопатишатата во регионот. Ова е регионален проект што е произлезен од иницијативата Самит 100, чија платформа е настаната во Словенија 2015 година.

XS
SM
MD
LG