Достапни линкови

Македонија избира локална власт


Архивска снимка, локални избори во Македонија

Во Македонија денеска се одржуваат шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за членови на совет. Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Локалните избори, според Државната изборна комисија, ќе ги следат 5011 домашни и 373 странски набљудувачи. Акредитации се издадени и на 294 преведувачи и шест странски новинари. Ова се шести локални избори во Македонија по независноста. Првите се одржаа во 1996 година.

XS
SM
MD
LG