Достапни линкови

Експлозии на бомби во Сомалија, најмалку 20 загинати


Архивска фотографија- експлозија на автомобил- бомби во Могадишу, јули 2017.

Повеќе од 20 луѓе загинале во две одвоени експлозии на автомобил -бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Една бомба експлодирала во област каде се сместени владини канцеларии, хотели и ресторани. Полицијата соопшти дека при експлозијата загинале најмалку 20 луѓе, а десетици се повредени. А при втората експлозија, која се случила два часа подоцна во областа Мадина, загинале двајца луѓе.

Новинската агенција АФП цитира полицаец, според кого во првата експлозија се уништени згради и бројот на жртвите може значително да се зголеми.

Засега никој не презеде одговорност за нападите, но исламистичката терористичка група Ал-Шабааб често врши напади во Сомалија.

XS
SM
MD
LG