Достапни линкови

Отчет за работата на српската Влада во првите 100 дена


Српската премиерка Ана Брнабиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги претстави резултатите од работата на Владата во првите 100 денови и вети дека од 1 јануари 2018 година платите ќе се зголемат за 10 проценти, а пензиите за пет отсто

Таа не предвидува реконструкција на Владата и оти во изминатиот период сите работеле како екипа, изразувајќи задоволство од работата на сите министерства.

Брнабиќ истакна дека заедничките дипломатски активности на владата и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ го спречија членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО. Таа уште еднаш потсети дека членството на Србија во ЕУ останува стратешка определба на земјата и очекува до крајот на годинава да бидат отворени три поглавја во преговорите со Унијата.

Претставувајќи ги успесите на Владата во првите 100 денови, Брнабиќ потенцира и дека по 30 години биле набавени шест авиони МИГ 29 од Руската Федерација, со цел модернизирање на српската армија.

XS
SM
MD
LG