Достапни линкови

Украина ја забрани новата руска банкнота на која има слики од Крим


Гувернерот на Руската Централна банка, Елвира Набиулина, ја претстави новата банкнота од 200 рубли во Москва, 12 октомври 2017 година

Народната банка на Украина вчера соопшти дека новата руска банкнота од 200 рубљи на која има фотографии од споменикот во Севастопол, локалитетот Херсонес и мапата на Крим ќе биде нелегална во Украина почнувајќи од 17 октомври.

Банките и менувачниците нема да ги примаат овие банкноти. Банката соопшти дека ќе ги забрани сите руски пари на кои се прикажани „мапи, симболи, згради, споменици“ или други објекти „сместени на украинска територија окупирана од Русија“.

Русија нелегално го анектираше Крим од Украина во 2014 година и им пружа поддршка на проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG