Достапни линкови

Маж кршел стакла и бодел со нож во пошта во Тетово


Тројца луѓе се повредени, кога 57-годишен човек денеска нападнал поштенски службеници и таксист во Тетово, информира тетовската полиција. Напаѓачот прво скршил едно стакло на шалтерот во главниот објект на Македонски пошти во центарот на Тетово. Од стаклото била повредена шалтерската службеничка. Потоа со нож го нападнал контролорот кој дошол да види што се случува и избегал од поштата. Надвор влегол во такси возило, но откако таксистот одбил да го вози го избодел и расекол со ножот во двете раце и избегал.

„Многу брзо бил стигнат и фатен од страна на полицајци по што во консултација со јавен обвинител тој бил задржан за целосно расчистување на случајот“, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

XS
SM
MD
LG