Достапни линкови

Kосовски новинари протестираат поради напад врз нивен колега


Протест на новинари во Косово.

Косовски новинари денеска протестираат на централниот приштински плоштад „Скендербег“ поради физичкиот напад врз нивниот колега Вехби Кајтази, кој е главен и одговорен уредник на порталот „Инсајдери“.

Здружението на новинари на Косово наведе дека се протестира со цел „да се задржи медиумската слобода и безбедноста на новинарите“.

Кајтази синоќа беше нападнат во еден од приштинските локали. Има повреди на главата.

Осомничениот за нападот е приведен од страна на приштинската полиција.

Косовската Влада го осуди нападот, а Здржението на новинари на Косово во својата реакција потсети дека Кајтази и претходно бил „мета на напади и закани“.

XS
SM
MD
LG