Достапни линкови

Налог за апсење на 100 поранешни полицајци во Турција


Илустрација: Полицајци спроведуваат уапсен војник за обидот за воен удар

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 100 поранешни полицајци и досега се приведени 63, објавија турските медиуми. Безбедносните сили трагаат по осомничените во 19 провинции ширум Турција. Апсењето е наложено бидејќи постои сомнеж дека поранешните полицајци наводно ја користеле апликацијата „БајЛок“ за испраќање кодирани пораки, за која турската Влада смета дека била користена од движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кое Анкара го обвинува за организирање на обидот за воен удар.

Од јули минатата година турските власти уапсија повеќе од 50 илјади луѓе, кои се соочуваат со судски процеси поради обвинување за поврзаност со Ѓулен, додека 150 илјади луѓе се сменети или суспендирани од работните места во војската и во јавниот и приватниот сектор.

XS
SM
MD
LG