Достапни линкови

Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и Охрид


Архива - Сеизмограм за земјотрес во Охрид.

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11 часот и 55 минути на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Земјотресот е почувствуван од населението во југозападна Македонија и тоа во Битола и околината со интензитет четири, а во Ресен и Охрид со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

XS
SM
MD
LG