Достапни линкови

Финална битка за контрола на сирискиот град Рака


Рака, Сирија, октомври 2017.

Во тек е финална битка за истерување на екстремистите на Исламската држава во градот Рака во Сирија, изјави портпаролот на силите поддржаниод САД, кои се борат против милитантите.

Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили, предводени од курдските сили, денеска соопшти дека битката може да потрае неколку часа или денови.

Сириските демократски сили е сојуз на арапски и курдски милиции во кои доминира сириската курдска милиција.

Ако се преземе контролата на Рака, ќе се нанасе голем удар на милитнатната група.

Битката за Рака започна во јуни, со тешки борби и по улиците и со интензивни воздушни напади од страна на коалицијата предводена од САД. Но милитантите даваат отпор, а и многу цивили се заробени во градот.

XS
SM
MD
LG