Достапни линкови

Временска прогноза - сончево, со мала облачност


Есен во Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Дневната температура ќе се движи од 19 до 25 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 23 степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.

XS
SM
MD
LG