Достапни линкови

Канадско-американско семејство ослободeно од заложништво на Талибанците


Пакистанските војници спасиле канадско-американско семејство кое пет години било во заложништво на група која има врски со авганистанските талибанци. Американската државјанка Кејтлан Колман и нејзиниот сопруг Џошуа Бојл, кој е Канаѓанец , беа киднапирани во Авганистан во 2012 година. Колман роди три деца во заробеништво. Пакистанската армија објави дека семејството било спасено за време на операција во близина на авганистанската граница, откако војската добила разузнавачки информации од официјалните претставници на САД.

Генерал-мајорот Асиф Гафур, портпарол на пакистанската армија, подоцна даде дополнителни детали за операцијата.

"Ги испративме нашите војници, го следевме возилото врз основа на размена на разузнавачки информации и ги ослободивме заложниците", изјави тој за медиумите.

Претседателот на САД Доналд Трамп го поздрави ослободувањето.

XS
SM
MD
LG