Достапни линкови

Убиени шестмина египетски војници на Синајскиот Полуостров


Архивска фотографија: Египетски војници покрај изгорен автомобил на Синајскиот полусотров

Шестмина египетски војници загинале, а четворица се ранети денеска кога вооружени напаѓачи нападнале контролен пункт на Синајскиот Полуостров, каде што Египет се бори против бунтовниците, соопшти армијата. Напаѓачите користеле рачни бомби и огнено оружје. Во престрелката биле убиени двајца напаѓачи, а еден бил ранет, велат безбедносни извори.

Нападите врз безбедносните сили зачестија по соборувањето на исламистичкиот претседател на Египет, Мохамед Морси во 2013 година.

Египет на Синајскиот Полуостров се бори против исламистички милитанти поврзани со Исламската држава. Стотици војници беа убиени од соборувањето на Морси досега.

XS
SM
MD
LG