Достапни линкови

Аврамопулос - Ако Шенгенот умре, ќе умре и Европа


Eвропскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос

Окончувањето на слободното движење во шенгенската зона би било фатално за Европа, предупреди денеска европскиот комесар за миграции и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург.

„Ние ја делиме загриженоста на некои земји членки за безбедноста, но Шенгенот е жив и треба да остане жив, зашто ако Шенгенот умре, ќе умре и Европа“, изјави Аврамопулос.

Повеќе европски земји на чело со Франција и Германија се залагаат за промена на шенгенските прописи кои ги сметаат за надминати со оглед на постојаните терористички закани. Тие не бараат целосен прекин на слободното движење, туку да можат полесно повторно да воведат контрола на своите граници и на подолг рок отколку што сега е дозволено. Европската комисија прифати реформи во таа смисла, но не сака да оти толку далеку колку што бараат Германија и Франција, но и Данска и Австрија.

Без да чекаат промена на прописите, Германија и Франција ги продолжија привремените контроли на границите воведени во 2015 за уште шест месеци, повикувајќи се на терористички закани.

XS
SM
MD
LG