Достапни линкови

Јункер – Ако Каталонија стане независна, сите ќе сакаат


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека не сака Каталонија да стане независна зашто тоа ќе ги охрабри и другите региони да го бараат истото и ќе го направи раководењето со ЕУ премногу комплицирано.

„Ако и дозволиме на Каталонија, а тоа не е ни наша работа, да се оддели, и други ќе го направат истото. Не го сакам тоа“, рече Јункер во говор на Универзитетот во Луксембург.

Тој рече дека е „многу загрижен“ поради сепаратистичките тенденции во Европа и го охрабри шпанскиот премиер Маријано Рахој да се осигура дека ситуацијата е под контрола.

Осврнувајќи се на повиците за посредување од ЕУ, тој рече дека Комисијата не може да посредува ако само едната страна го бара тоа. ЕУ соопшти дека има доверба дека Рахој ќе го реши тоа што го смета за внатрешно прашање на Шпанија.

XS
SM
MD
LG