Достапни линкови

Реакција на РСЕ за лажно претставување на прес во општина Штип


Радио Слободна Европа, лого

Новинарите на Радио Слободна Европа се акредитирани во институциите на Република Македонија согласно позитивната законска регулатива.

РСЕ нема дописник во Штип, ниту пак, пратила новинар на настан организиран од оваа општина.

Ова е реакција по повод соопштението на општина Штип дека лицето, како што се наведува во соопштението на општина Штип, „Саше Политико“ се појавило на давање на изјава на градоначалникот Илчо Захариев во својство на наш новинар. Такво лице не е во работен однос со Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG