Достапни линкови

Во Кочани кандидат на ВМРО ДПМНЕ за советник осомничен за поткуп на гласачи


илустрација

Кандидат за советник на опозициската ВМРО ДПМНЕ во Кочани синоќа бил повикан во полиција на разговор поради сомневање дека поткупувал гласачи. Кај него, како што се наведува, биле најдени поголема сума пари и список на гласачи од еден дел на општината Кочани. ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение во кое тврди дека сослушувањето на нивниот кандидат за советник во Кочани е одраз на стравот на СДСМ од изборниот пораз. Toa, според партијата, e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период. Во Македонија в недела ќе бидат одржани шестти локални избори на кои се избираат градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје. Кампањата завршува денеска на полноќ, кога пошнува изборниот молк.

XS
SM
MD
LG