Достапни линкови

Жбогар - Изборите да се спроведат без заплашување и насилство


Архива - амбасадорот Самуел Жбогар.

Ги повикуваме политичките лидери и членовите на партиите да ги спроведат изборите без заплашување и насилство, порача шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар во пораката упатена преку Твитер.

„Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности пред, за време на и по изборите. Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како ДИК, како и граѓанското општество да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување демократски, слободни и фер избори“, вели Жбогар.

XS
SM
MD
LG