Достапни линкови

Грчката полиција уапсила две лица за транспорт на мигранти


Архива - Мигранти пристигнуваат на пристаниште во Грција.

Полицијата во северна Грција спасила 54 мигранти пронајдени во комбе и уапсила двајца бугарски државјани, осомничени за транспорт на мигрантите.

Во полицискиот извештај се наведува дека превозното средство било запрено вчера на пат во североисточна Грција. Мигрантите, 52 Сиријци и двајца Сомалијци, биле сместени во задниот дел на комбето, на простор од 4,5 метри, без вентилација и заклучени однадвор. Меѓу нив имало и 13 деца.

Полицијата денеска соопшти дека секој од возрасните мигранти платил по 1.500 евра за да бидат превезени од копнената граница со Турција, која ја преминале илегално, до Солун.

XS
SM
MD
LG