Достапни линкови

Скоро 3,5 милиони барања за билети за Светското фудбалско првенство во 2018


Поглед на стадионот „Лужники“ во Москва.

Апликации за скоро 3,5 милиони билети се добиени за Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година за време на почетниот период на продажба, кој се одржа од 14 септември до 12 октомври. ФИФА соопшти дека околу 70 отсто од апликациите за билети дошле од Руисја.

Руските власти велат дека очекуваат да издадат 2,6 милиони билети за 64 натпревари во различни локации низ целата земја. Поголемиот дел од барањата од странство дошле од Германија, Бразил и Аргентина, соопшти ФИФА. Оттаму додаваат дека многу барања дошле и од САД и Кина, кои не се квалификуваа на Светското првенство, а Мексико, Египет и Колумбија исто така се меѓу првите десет.

Девет од 32 квалификанти за Светското првенство се уште треба да се одредат преку регионалните преј-оф натреварувања. ФИФА наведува дека 150 илјади од апликациите за билети се за натпеварот на отворањето, во кој ќе учествува рускиот тим на стадионот „Лужники.“

Повеќе од 300 илјади апликации се добиени за финалето на 15 јули, исто така на „Лужники.“ Цените на билетите се движат од 105 долари за меѓународна продажба и 22 долари за Русите.

Во случај кога бројот на апликации за билети го надминува бројот на достапни места, билетите ќе бидат доделени преку процес на случајно извлекување, велат од ФИФА. Кандидатите на кои ќе им бидат доделени билетите ќе бидат известени на 16 ноември. Втората фаза за продажба ќе биде одржана по одредувањето на групите на 1 декември.

XS
SM
MD
LG