Достапни линкови

Обраќање на Димитров пред Постојаниот совет на ОБСЕ


Архивска фотографија - министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонија е силно решена да ја искористи новата шанса за конечно етаблирање на држвата во семејството на развиените демократски општества, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во денешното обраќање пред Постојаните претставници на земјите учеснички во ОБСЕ во рамки на сесијата на Постојаниот совет на Организацијата, соопшти МНР.

Димитров при обраќањето ја претставил реформската агенда содржана во Планот на Владата 3-6-9 и новата визија при негување на односите со соседите и потребата од развивање на пријателства и меѓусебно разбирање, а остварил средба и со генералниот секретар на Организацијата, Томас Гремингер, се вели во сооштението.

XS
SM
MD
LG