Достапни линкови

Палестинските ривали Хамас и Фатах потпишаа договор за помирување


Архива - Палестинскиот претседател Махмуд Абас (десно) на средба со палестинскиот премиер Рами Хамдалах. 29.05. 2014.

Хамас и Фатах потпишаа договор за помирување со кој официјалните претставници велат дека завршува спорот меѓу двете ривалски палестински фракции, долг една деценија. Договорот, кој денеска беше потпишан во Каиро, двете страни го нарекоа голем чекор напред.

Според договорот, Хамас ќе ги предаде административните одговорности во појасот Газа на владата со седиште во Западниот Брег. Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас рече дека разговорите во Каиро довеле до „конечен договор“ за ставање крај на ризвалската поделеност меѓу Хамас и Фатах.

Газа и Западниот Берег беа одделно владеени од 2007 година. Победата на Хамас на изборите во Палестинскиот законодавен совет доведоа до тензии меѓу двата ривали и предизвикаа смртоносни судири во Газа.

Во 2007 година Фатах и Хамас се согласија да формираат коалиција за ставање крај на растечкото фракционо насилство, но Хамас подоцна ја зазема Газа и формираше ривалска влада, оставајќи го Фатах и палестинската власт да работат на делови во Западниот Брег кои не се под контрола на израелските власти.

Во 2014 година договорот за помирување меѓу Фатах и Хамас доведе до формирање на влада за национално единство, но договорот не беше целосно имплементиран.

XS
SM
MD
LG