Достапни линкови

Ердоган - САД кријат сомнително лице во Конзулатот во Истанбул


Архива - турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека САД во својот конзулат во Истанбул кријат „сомнително лице“, кое е поврзано со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен воен удар.

Ердоган изјави и дека официјална Анкара останува на одлуката за запирање на издавањето туристички визи во САД, како одговор на прекинот за издавање американски визи во Турција. Тој претходно го обвини американскиот амбасадор во заминување Џон Бас дека е виновен за спорот меѓу Анкара и Вашингтон, наведувајќи дека поради него САД ги жртвуваат односите со еден НАТО сојузник.

Тој исто така ги обвини „остатоците“ од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама дека ги попречуваат врските меѓу Турција и новиот претседател Доналд Трамп.

Поради апсењето на вработени во американските дипломатски мисии во Турција, Вашингтон пред неколку дена го запре издавањето визи, на што Анкара одговори со реципрочни мерки. Претходно, турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека е договорено турски и американски претставници да одржат средба со цел да се реши дипломатскиот спор меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG