Достапни линкови

Амбасадата на САД - Изборите се важни за иднината на Македонија


Американската амбасада во Скопје.

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции, соопшти денеска Амбасадата на САД во Македонија.

„Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото.“

Исто така во изјавата Амбасадата на ги охрабрува граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи.

„Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG