Достапни линкови

САД излегуваат од УНЕСКО поради „антиизраелска пристрасност“


САД се повлекуваат од Агенцијата за култура и образование на ОН, УНЕСКО од 31 декември годинава, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

„Оваа одлука не беше донесена лесно и ја одразува загриженоста на САД за зголемувањето на заостанатите долгови на УНЕСКО, потребата за темелни реформи во организацијата и продолжувањето на антиизраелска пристрасност во УНЕСКО“, соопшти Стејт департментот, додавајќи дека САД ќе се обидат да останат не како членка, туку како „земја набљудувач за да придонесат со погледите, перспективите и експертизата на САД“.

УНЕСКО изрази жалење за одлуката на САД. Генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, реагира дека американската одлука значи загуба за мултилатерализмот и за семејството на ОН.

САД го прекинаа својот значителен придонес во буџетот на УНЕСКО во 2011 година во знак на протест против полноправното членство на Палестина во организацијата.

XS
SM
MD
LG