Достапни линкови

Договор за помирување меѓу Хамас и Фатах


Илустрација: Расплакано дете пред својот дом во појасот Газа

Главниот лидер на екстремистичкото исламистичко движење Хамас, Исмаил Ханија, денеска изјави дека на преговорите под посредство на Египет е постигнат договор со ривалската организација Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абаз за условите за контрола на појасот Газа. Договорот беше потпишан денеска во Каиро. Според договорот, влада на национално единство треба да ја преземе контролата врз појасот Газа до 1 декември.

Хамас владее со појасот Газа повеќе од една деценија откако со сила ја презедоа контролата од силите лојални на умерениот Фатах. Тоа доведе до големи политички поделби кај Палестинците. Абас владееше во автономните енклави на Западниот Брег, кој е под израелска окупација.

Хамас, Фатах и другите палестински фракции на почетокот на наредниот месец треба да разговараат и за други прашања поврзани со помирувањето, вклучувајќи ги и парламентарните и претседателските избори кои не се спроведени долго време.

Претседателот Махмуд Абас го пофали договорот и рече дека со тоа се означува „конечен договор за окончување на поделбите“.

XS
SM
MD
LG