Достапни линкови

Ахмети - Промената на границите на Косово ќе предизвика домино ефект


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Изјавите на високи српски претставници за промена на границите на Косово, се опасни и со домино ефект за целиот Западен Балкан, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за косовската агенција, Косовапрес.

Тој во интервјуто додаде дека за овие работи треба добро да се размисли, бидејќи ако започне процесот на промена на границите на Косово, тогаш ќе има домино ефект врз другите земји.

Ахмети смета дека за оваа идеја е виновна Русија, која не сака Западниот Балкан да биде дел од ЕУ, уште помалку од НАТО.

Лидерот на ДУИ смета дека обединување на Албанците единствено може да се направи во Европската унија, отстранувајќи ги границите во регионот.

XS
SM
MD
LG