Достапни линкови

Харадинај ги сака САД „на маса“ во дијалогот Белград-Приштина


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави изработка на нова платформа за дијалог со Белград и додаде дека е невозможно да се продолжи со дијалогот „ако и Америка не е на маса“, пренесе порталот КосСев.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ веднаш ја отфрли ваквата иницијатива. Тој пред новинарите во Белград изјави дека е познато оти дијалогот е префрлен од ОН во Брисел.

„Што се однесува до нас, ние сме за да се врати во ОН, но не сме тука да го кочиме дијалогот, туку треба да го поттикнеме“, рече тој.

Според него, изјавите на косовскиот премиер се за внатрешна политичка употреба.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, минатата недела рече дека од американскиот потпретседател Мајк Пенс добил ветување дека САД директно ќе бидат вклучени во дијалогот Белград-Приштина. Од Европската комисија потоа соопштија дека дијалогот кој се води со посредство на ЕУ отсекогаш имал поддршка од САД и оти таа соработка ќе продолжи.

XS
SM
MD
LG